wordpress counter

Најзгодните жени во индустријата (1 дел)

Не е ништо необично жените да раководат со индустријата за храна. Освен што се образувани и успешни, тие изгледаат одлично, полни со стил и авторитет. Овој список опфаќа готвачки, критичарки, блогерки и телевизиски водителки.

ПОЛА ДИН

Пола е добитник на Еми наградата за своето шоу „Забавата на Пола“, кое се емитува на The Food Network. Освен тоа, таа заедно со своите синови го раководи ресторанот The Lady & Sons.

КЕТИ ЛИ ЏОЕЛ

Кети е познат готвач и критичар во светот на храната. Таа ја водеше и првата сезона во „Топ готвачите на Браво“ и ја напиша книгата The Comfort Table. Посветен гурман и девојка од маалото. Деликатесна комбинација.

САНИ АНДЕРСОН

Поранешна сопственичка на кетеринг комапнија, која е домаќин на две шоуа на The Food Network. Полна со ентузијазам и со насмевка слатка како мед, таа е вистинско освежување за оваа индустрија.

ЏЕНИФЕР КЕРОЛ

Не победи на Top Chef, но освои многу срца. Таа не е само одличен готвач, туку и одличен претприемач. Едноставна, прекрасна насмевка и уште поубава коса.

НАЈЏЕЛА ЛОСОН

Таа е најпродаваниот писател на тема храна, ценет критичар и одличен водител. Секогаш одмерена и смирена и сето тоа надополнето со вистинска женска убавина и прекрасен глас.

Related Posts with Thumbnails