wordpress counter

Најзгодните жени во индустријата (2 дел)

Во светот на храната жените одамна имаат главен збор. Во оваа и претходната статија, се обидуваме да ги наброиме оние жени кои покрај тоа што се успешни во работењето, го привлекуваат вниманието и со својата убавина.

КЕТ КОРА


Таа е дел од Iron Chef, извршен менаџер на магазинот Bon Apetit и портпарол на UNICEF. Покрај тоа, таа е и привлечна блондинка која знае што сака. Едноставно, жена на која не може да ѝ пристапи било каков маж.

ЏАДА ДЕ ЛАУРЕНТИС


Водителка на 5 емисии за готвење, меѓу кои и Everyday Italian. И сето тоа не е без причина. Таа е забавна, полна со добар хумор и секако неверојатно привлечна.

ГЕЈЛ СИМОНС


Сериозниот пристап кој го има како судија во Bravo’s Top Chefs, одлично се надополнува со нејзината непретенциозност, знаење и грациозност. И згора на сѐ, таа е главен уредник на магазинот Food and Wine.

ПАДМА ЛАКШМИ


Дојдовме и на самиот врв. А тука се наоѓа жена која изобилува со прибраност, рамнотежа и интегритет. Водителката на Bravo’s Top Chef е најверојатно најзгодната жена во светот на храната. Ако на сѐ ова го додадеме и одличниот хумор и големиот апетит, тогаш јасно е зошто мажите ѝ се воодушевуваат.

Related Posts with Thumbnails