wordpress counter

Необични имиња на обични ресторани

Една од најтешките задачи при отворање на ресторан е изборот на неговото име. Некои го смислуваат со месеци, други го даваат пред самото отворање, трети бараат инспирација во книжевни дела или несреќни љубовни приказни. Како и да е, со помош на името се идентификува целиот објект.

Од друга страна, одамна ни е позната креативноста на сопствениците на ресторани кај нашиот северен сосед. Еве неколку приказни како се донеле одлуки за името на ресторанот.

Еден од најстарите пабови во Белград, кој денес е сврталиште на младите, е “. Сопственикот вели дека инспирацијата ја добил од руска телевизија која објавила прилог со интересни имиња на ресторани и пабови во Русија.

Александар Цветичанин, сопственик на етно ресторан во Белград, вели дека при подготовките за отворање и покрај сите потешкотии, биле многу оптимистични и постојано велеле: „што е, тука е“. Затоа и го „крстиле“ ресторанот „Шта је, ту је“. На менито имаат и еден бисер – чварките се опишани како бонбони од свинско месо.

Ако се решите да ја посетите Србија, тогаш ќе може да уживате и во специјалитетите кои се подготвуваат во „Луда кућа“, „Криви Стојко“, „Виолета, кућо стара“ (која името го добила по реченица од филмот „Специјално воспитување“), или, пак, во брзата храна во ресторанот „До јаја“.

Сепак, за врв на „креативноста“ се смета едно мало кафанче кое постоело во раните деведесети години во Белград. Сопственикот, ни помалку ни повеќе, се решил за следното име – „Код жирафу ваневропску зверку“.

Related Posts with Thumbnails