wordpress counter

Несекојдневните навики на Стив Џобс

За да се создаде толку успешна компанија како „Apple“ мора да се преживеат многу стресни ситуации и моменти. Секој се справува со стресот на свој начин, без разлика колку тоа на околината ѝ изгледа бизарно. Секако, ако помага, тогаш не е битно што мисли околината. Во новата биографија на Стив Џобс се опишани  многу вакви моменти. Стресот го намалувал со строги диети и многу чудни реакции, како на пример на почетоците на „Apple“, во стресните денови, ги потопувал нозете во тоалетот на компанијата.

Во неговата биографија може да се забележи дека често имал тенденција да јаде само јаболка и моркови со недели и ништо друго. Така, долго време не внесувал масти и протеини во организмот. Експертите сметаат дека таквиот начин на исхрана може да предизвика голем број на хронични заболувања. Исто така, имал и фаза кога јадел храна исклучиво од растително потекло и тоа плодови кои по бербата нема да му наштетат на растението.

Џобс бил строг противник на животинската храна. Тој верувал дека поради тоа што е посветен на вегетаријанската исхрана, телото му е измиено од масти и токсини и дека нема потреба да користи антиперспиранти или да се тушира редовно. Неговите соработници не биле многу воодушевени од таа негова идеја.

Многу често, поради ваквиот начин на исхрана, му се случувало да му се создаде чувство на еуфорија и екстаза. Причините лежеле во промената на хемиските врски во организмот, поради тој начин на исхрана и живеење.

Related Posts with Thumbnails