wordpress counter

Понуда за брак со храна и пијалак (1 дел)

Кога сакаме да му понудиме брак на нашиот партнер, тоа можеме да го направиме на безброј креативни начини. Ние, денес ќе ви предложиме неколку интересни начини во комбинација со храна и пијалак.

• Замрзнете го прстенот во коцка лед и ставете го во нејзиниот пијалак. Откако ќе го забележи, вие веднаш на колена и побарајте ја за жена.

• Подарете ѝ кутија со чоколадни бонбони, а прстенот нека биде во средината на кутијата. Кога ќе ја отвори кутијата, вие веднаш клекнете со едното колено.

• Ако сте во ресторан, случајно нека ви падне нешто на земја (на пример, салфетка) и замолете ја вашата поубава половина да ја земе. Во меѓувреме, ставете го прстенот пред неа.

• Кога ќе ја завршите вечерата, извинете ѝ се, станете и одете во тоалет. Но, наместо во тоалет, најдете го вашиот келнер, нарачајте го нејзиниот омилен десерт и замолете го да го стават прстенот на врвот од десертот. Вие ќе се вратите зад масата, а таа ќе биде воодушевена од вашиот гест. Тешко дека ќе каже не.

• Нарачајте шише шампањ. Измислете причина зошто го нарачувате. Прстенот нека биде на вратот на шишето. Откако ќе го види, прашајте ја и прославете веднаш со шампањот.

• Во слаткарница, нарачајте ја нејзината омилена торта. Одозгора нека биде напишана вашата понуда за брак. Замолете ги во слаткарницата, тортата да ја изложат во излогот. Потоа, како случајно, поминете пред тој излог. Ќе остане без зборови.

Related Posts with Thumbnails