wordpress counter

Порнографски фаст фуд

Еден од веб-сајтовите кој постојано добива на популарност е www.thisiswhyyourefat.com. Станува збор за страница на која може да најдете рецепти чија калорична вредност е еднаква на неделните потреби на една возрасна личност. Токму и поради таквите рецепти, кои изобилуваат со голема количина на масти и шеќери, го доби името порнографски фаст фуд.

Еден од омилените рецепти е таканаречениот „porkgasm“ – свинско месо ролувано во сланина и полнето со колбаси, мелено месо и сланина. Според творецот на овој рецепт, оние кои го пробале ова јадење, па дури и големи „јадачи“, имале болки во стомакот, па дури и гастрономски кошмари.

Инаку, според овој веб-сајт веќе е напишана и книга. И сајтот и книгата претставуваат одговор на потрошувачите на постојаните совети на стручните лица, за тоа каква храна да јадат за да бидат здрави. Едноставно, како што велат тие – „колку повеќе ни кажуваат дека определен производ е лош за нашето здравје, толку повеќе ние сакаме да ги прекршиме советите“.

Related Posts with Thumbnails