wordpress counter

Рецепти од 17-от век

РЕЦЕПТИ ОД 18-ТИ ВЕККнигата е во ракопис, напишана на кршлив пергамент и содржи медицински формули и многу традиционални рецепти. Егзотични и необични природни состојки меѓу кои кумово грозје, свинска маст, ферне коренчиња, амбергрис се само дел од содржините кои може да се сретнат на нејзините страници. Додека во медицинскиот дел ќе најдете за употреба на коски од штука или лалеманција со кои се лечат болести.

Инаку, Филипа Мулеј ја открила книгата на таванот во стара куќа на нејзината тетка во Норфлок, закопана меѓу многу антиквитети уште пред 25 години. Но, дури сега се сетила да ја извади во јавност. Експертите веруваат дека потекнува од крајот на 17-от век, а останува мистеријата дали нејзиниот вистински автор е Томаса Слап.

Ова интересно издание има 64 страници и ќе биде на аукција во Bonhams Fine Art Auctioneers & Valuers и се очекува нејзината цена да достигне 400 фунти.

Related Posts with Thumbnails