wordpress counter

Шопинг на фејсбук

Освен што е мрежа на која можеме да ги пронајдеме сите наши „загубени“ пријатели, Фејсбук наскоро би можел да стане и еден голем виртуелен шопинг центар.

Според написите во светските весници и списанија, некои трговски куќи веќе развиле ваков начин на продажба. За виртуелниот начин на тргување, компаниите мора да ја користат новата апликација SocialShop. За да ја користат оваа алатка, компаниите мора да плаќаат определен месечен надомест и на тој начин ќе можат да додадат линк за купување на својот профил или фан-пејџ.

Поголемите трговски куќи и продавници кои продаваат храна, веќе ја користат оваа апликација. Ние, Фејсбук корисниците, добиваме можност да ги пребаруваме артиклите или да ги провериме препораките на нашите пријатели за некој производ. Сепак, паричната транскација и натаму се одвива на веб страната на компаниите.

Шопингот беше една од ретките работи која можеше да не тргне од Фејсбук. Но, еве сега и тоа се промени. Така, отсега ќе им велиме на нашите френдови: „да видиш што сум си купил/а….на Фејсбук“.

Related Posts with Thumbnails