wordpress counter

Што се јадеше на Оскарите оваа година?

Церемонијата на доделување на најголемите филмски награди во светот, Оскари, секогаш ја следи и совршена кулинарска приказна. Веќе 18 години по ред готвачот Волфганг Пук го подготвува кетерингот за оваа прослава. Да погледнеме што сè се служеше на манифестацијата оваа година:

• чоколадо во форма на златна статуетка со 24-каратно злато кое се јаде;
• чаден лосос во форма на Оскар со гарнир кавијар;
• печена солена пита со каша од пилешко месо и печен зеленчук;
• мини чизбургери со чедар;
• чоколадни скалила кои се консумираат со носење 3Д очила;
• „Блек Форест“ пудинг торта;
• еклери со рози и малини;
• колачиња со јагоди;
• корнети од кафен шеќер и лимон;
• мали чоколадни пудинзи.

А, сега, малку вистинско кулинарско уживање преку фотографиите подолу:

Related Posts with Thumbnails