wordpress counter

Што се случува кога барате повеќе од само сендвич?

Минатата недела, 35 годишниот Џон Транета бил осуден за сексуално вознемирување од втор степен. Тој, во еден од рестораните на „Бургер Кинг“ во Њујорк, побарал со сендвичот да добие и сексуална услуга од симпатичната девојка која работела таму. Поради тоа, за да избегне понатамошна судска казна, морал писмено да ѝ се извини на девојката.

На Флорида, во друг ресторан од овој ланец, бил уапсен 32 годишниот Шон Портер. Тој побарал со сендвичот да добие зачин од марихуана. Притоа, вработената забележала дека неговата кола мириса на марихуана и повикала полиција. Полицијата во неговата кола пронашла 28 гр марихуана, поради што го уапсила.

Во последно време луѓето, што од бес што од досада, често почнале да ги вознемируваат вработените во рестораните за брза храна, со чудни нарачки и барања, поради што тие морале да преземат одредени мерки. Така, внимавајте што ќе кажете кога ќе нарачувате сендвич. Може да биде опасно по вас.

Related Posts with Thumbnails