wordpress counter

Сладоледот открива какви сте во кревет

Ванила, чоколадо или јагода? Според истражувањето што го спроведе германски Билд, сладоледот кој најмногу го сакате, открива многу повеќе за вашите сексуални афинитети отколку што може да замислите.

Ванила
Љубителите на ванилата стојат цврсто, со двете нозе на земја и не сакаат експерименти. Нежни се и секогаш се во потрага по вистинската љубов. Бегаат од сексуални авантури.

Чоколадо
Секс со многу страсти е најчестиот избор на оние кои го сакаат сладоледот од чоколадо. Сакаат див секс и партнерите ги освојуваат со својот безграничен шарм.

Орев/лешник
Оние кои ги преферираат овие два вкуса на сладолед, семејството им е секогаш на прво место. Многу се чувствивтелни и не сакаат авантури за една ноќ.

Страчатела
Овој тип на луѓе сака промени и тешко се врзуваат за еден партнер. Може да бидат верни и одговорни, но само ако имаат доволно сопствена слобода и ако со парнтерот се во состојба да ги доживеат сите свои сексуални фантазии.

Кафе/капучино
Љубителите на кафето се полни со идеи и планови. Мошне лесно успеваат да го убедат партнерот на бројни експерименти во креветот.

Јагода
Ако сакате јагода, тогаш вие сакате интензивен и долг сексуален однос. Наместо авантури, овој профил на луѓе сакаат своето време да го поминуваат со својот партнер, а особено важно им е мазењето и размената на нежности со партнерот.

Банана
По овој вид сладолед лудуваат веселите и нежни луѓе. Овие личности се многу избирливи и неодлучни и многу тешко се препуштаат на својот нов партнер.

Related Posts with Thumbnails