wordpress counter

Славните за храната

Храната е тема која завзема значаен дел од нашите размислувањата и изјави. Токму затоа, многу славни личности посветиле дел од своите изјави на оваа тема. Некои се мудри, некои не се многу интелигентни, но во секој случај се интересни за читање.

„Нема поискрена љубов од љубовта кон храната.“
Џорџ Бернард Шо – американски критичар и есеист (1856-1950)

„Комарците не потсетуваат дека ние не сме на врвот на синџирот на исхрана.“
Том Вилсон – американси актер и комичар (1959 – )

„Јас не сум ненаситна, јас само ја истражувам храната.“
Ерма Бомбек – американска комичарка (1927 – 1996)

„Јас готвам со вино, понекогаш дури и го додавам во храната.“
В.Ц.Филдс – американски актер (1880 – 1946)

„Бескорисните луѓе живеат за да јадат и да пијат, оние што вредат јадат и пијат за да живеат.“
Сократ – антички филозоф (470 пне – 399 пне)

„Во светот има луѓе што толку се гладни што Господ може да им се појави само во форма на леб.“
Махатма Ганди – индиски филозоф (1869 – 1948)

„Твоите зборови се моја храна, твојот здив моето вино. Ти си ми сѐ.“
Сара Бернар – француска актерка (1844 – 1923)

„Култивирањето на умот е еднакво неопходно како што е храната неопходна за телото.“
Цицерон – староримски говорник и државник

„Уште како мал се откажав од јадење на месо. Верувам дека ќе дојде време кога луѓето ќе гледаат на убивањето на животни исто како што гледаат на убивањето на луѓе.
Леонардо Да Винчи – италијански сликар и скулптор (1452 – 1519)

Related Posts with Thumbnails