wordpress counter

Создаден спреј кој веднаш ве прави пијани

Како дел од нивната таканаречена „аеросолна кујна“, францускиот дизајнер Филип Старк и американскиот научник Дејвид Едвардс развија нов производ – спреј кој ве прави да се чувствуате опиени за само неколку секунди.

Овој алкохолен спреј се вика „WA|HH Quantum Sensation“, пакувањето има изглед на кармин и со секое притискање испушта 0.075 мл алкохол. Тоа е минималното количество за да може алкохолот да делува стимулативно на мозокот.

Во еднa чаша има 40-60 мл алкохол, што математички би значело дека ќе бидат потребни 530-800 прскањa со спреј за да го постигнете тој ефект. Но, со овој спреј ефектот го постигнувате со само едно прскање. Едно пакување содржи околу 21 прскање.

Со помош на овој производ, луѓето ќе може да уживаат во алкохолот без да ги почувствуваат неговите негативни ефекти и без задолжителниот мамурлак ако се претера. Всушност, со само едно прскање ќе почнете да чувствувате дека вашата глава станува полесна, се опуштате, без да се опиете и да си ја упропастите вечерта и следното утро.

Откако ќе му заврши дејството, слободно можете да возите автомобил или да вршите други активности. Цената на овој изум се движи околу 1.000 денари.

Related Posts with Thumbnails