wordpress counter

Спој на „Ролекс“ и пица

Сите љубители и колекционери на рачни часовници од брендот „Ролекс“, кои воедно уживаат и во вкусот на пицата од британскиот синџир на пицерии „Домино’с“, сега може да ги обединат своите страсти во еден производ. Станува збор за рачен часовник „Ролекс“, кој на себе има лого на познатата пицерија.

Сепак, важно е да се напомене дека овој часовник може да го купат само членовите на клубот на „Ролекс“, по повластена цена од 2.900 американски долари.

А, сега, малку математика. Ако се запрашате колку пици може да добиете за тие пари, тогаш вистинскиот одговор е 300 парчиња. Останува на вас дали ќе ги изедете тие пари или ќе ги носите на вашата рака. И секако, потрудете се да станете член на „Ролекс“ клубот.

Related Posts with Thumbnails