wordpress counter

Тост уметност

Лаура Хедланд е млад британски кустос, која за роденденот на својата свекрва подготви навистина необичен подарок. Станува збор за слика-портрет, кој е направен од дури 9.852 парчиња тост.

Ова ремек дело го подготвија Лаура и уште 40 други доброволци со помош на 9 тостери. Парчињата леб се печени во различни нијанси – жолти, костенливи и црни. Откако парчињата леб беа подготвени, на Лаура ѝ беа потребни 6 часа за да го состави портретот.

Покрај тоа што пријатно ја изненади својата свекрва, Лаура со ова дело влезе и во Книгата на Гинисови рекорди. Имено, овој тост мозаик со големина од 128 метри квадратни и официјално е најголемиот тост на светот. Досега, таа чест му припаѓаше на студентскиот тост направен во Ајндховен, Холандија.

Related Posts with Thumbnails