wordpress counter

Видео: Поглед на храната директно од стомак

Станува збор за краток научно-едукативен филм (4 минути) кој го направи артистката Стефани Барден, а кој беше прикажан на „TEDxManhattan“.

Со помош на камери, трансмитери и видео-стоп опции, се прикажува внатрешноста на стомакот на неколку доброволци. Од левата страна се наоѓа снимката со внесената преработена и индустриска храна, а од десна страна што се случува со органите за варење кога консумирате домашно приготвена храна.

Целта на видеото е да се прикаже една друга страна на храната, да добиеме повеќе информации и да го надградиме нашето знаење во врска со исхраната и нејзиното влијание врз нашиот организам. И тоа, преку слика на нешто што не го гледаме и немаме претстава како функционира.

Ова поучно видео можете да го погледнете подолу:

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=zi_DaJKsCLo[/youtube]

Related Posts with Thumbnails