wordpress counter

За секој хороскопски знак – посебно кафе (1 дел)

Начинот и видот на кафе кое го преферираме, може да зависи и од хороскопскиот знак на кој припаѓаме. Еве неколку совети за тоа каквo да биде кафето или атмосферата кога ќе ви дојде на гости преставник на некој од хороскопските знаци.

ОВЕН
Овенот нема време за долги седенки и му одговара пиење кaфе од нога или кафе од некoja coffee to go кафетерија (Caramelo™ на пример). Преферираат горко кафе.

БИК
Овој хедонист со секое кафе очекува и некој десерт или колаче, а најдобро торта. Кафето мора да биде слатко, а како додаток може да се искористи и сладолед, чоколадо или кекс.

БЛИЗНАЦИ
Овој знак сака да пие кафе повеќе пати во денот, но во помали количини. Со кафето сакаат и добар муабет, најдобро некој сочен трач. Ќе го освоите со шолја или лажичка со посебен дизајн.

РАК
За овој знак сѐ е јасно – очекува добро, домашно кафе. Она што ние го нарекуваме турско или македонско кафе. Паралелно со тоа, ќе започне и долга приказна за својата интима.

ЛАВ
Кафето, како и тој самиот, е начин на лична презентација. Затоа, сакаат да го пијат на јавни и популарни места, каде ќе уживаат во вниманието кое го добиваат. Кафето мора да е со врвен квалитет.

ДЕВИЦА
За неа е најбитно кафето на работа. Го користи за брзо освестување на работа и зголемување на својот работен учинок. Овој знак е подготвен да пие и филтер кафе, само за побргу да се фрли на исполнување на обврските.

Related Posts with Thumbnails