wordpress counter

За секој хороскопски знак – посебно кафе (2 дел)

Во претходната статија видовме какво кафе сакаат првите шест знаци од зодијакот. Останува сега да погледнеме како другите знакови го доживуваат кафето и како сакаат да го пијат.

ВАГА
Важно им е кафето да биде фино сервирано во убава шолја. Сакаат шеќер во коцка и додаток кој може да биде бонбона или кекс. Уживаат да пијат кафе во друштво.

СКОРПИЈА
Овој знак е љубител на кратко, горко и јако црно кафе. Со оглед дека имаат јак желудник, може да испијат и неколку шолји на ден. Кафето го доживуваат како стимуланс.

СТРЕЛЕЦ
Расположени се за секакво кафе. Нивната толеранција, ширина и отвореност им дозволува да го вкусат кафето на сите можни начини. Секако дека имаат и омилено кафе – егзотично кафе кое би го испиле некаде во Бразил.

ЈАРЕЦ
Кај нив кафето е средство за работа. Им служи за да ги издржат дополнителните работни напори. Најмногу сакаат обично црно кафе без никакви додатоци.

ВОДОЛИЈА
Кафето им е уште едно од средствата на дружење. Мора да биде необично, а најдобро да биде некоја фина мешавина од кафиња. Обожаваат ирско кафе со алкохол.

РИБИ
И тие сакаат најразлични комбинации. „Коктел“ од кафе, млеко, кекс и сладолед ќе ги задоволи сите нивни потреби. По тоа сакаат овошен сок. Едноставно, посебно кафе за посебни луѓе.

Related Posts with Thumbnails