wordpress counter

10 едноставни начини за подобра диета (1 дел)

Резултатите од диетата нема да бидат максимални доколку не се придржуваме кон следниве 10-тина правила, односно совети. Во овој прв дел ќе се запознаеме со 5 важни начини како да постигнете оптимални резултати при диетата.

ЧАЈ
Научниците велат дека екстремно високото ниво на флавоноиди го прави чајот вистински избор, без оглед дали станува збор за зелен, црн или некој друг чај.

ПОЈАДОК
Појадокот е најважниот оброк во текот на денот. Овој ран оброк ќе ви помогне побрзо да ги „запалите“ вашите физички и умствени способности и ќе го подобри вашето расположение. Освен тоа, ќе го забрза метаболизмот и топењето на калориите.

ВЕЧЕРА
Намалете со големината на оброкот кога е во прашање вечерата. Јадете салати, користете помали чинии и консумирајте здрави продукти. Искористете сѐ што ви е на располагање за да го „измамите“ мозокот и тој да помисли дека сте сити.

БОИ
Изберете храна со светли и јаки бои. Овие продукти содржат многу минерали, витамини и антиоксиданси. Споредете црвено сочно јаболко и блед жолтеникав комир и сѐ ќе ви биде јасно.

КАЛОРИИ
Престанете да се опседнувате со бројот на калории. Придржувајте се до правилото 25-25-50, односно 25% протеини, 25% интегрални житарки и 50% зеленчук.

Related Posts with Thumbnails