wordpress counter

10 едноставни начини за подобра диета (2 дел)

За да постигнете оптимални резултати кога сте на диета, треба да консумирате определени видови храна или едни продукти да ги замените со други. Не смеете да го пропуштите појадокот, а за вечера повеќе салати. Сега ќе ги погледнеме и другите правила.

УЖИНА НАМЕСТО СТАПИЦА
Вообичаено е во текот на денот да имате 1 до 2 ужинки. Добар избор би бил јаболка, бадеми, круши или моркови. Стапицата лежи во колачите, бонбоните, чипсот и сличните производи. На овој начин може да се изгубат неколку килограми без вооопшто труд.

СЛАТКО ДРУЖЕЊЕ
Секогаш кога ќе почувствувате потреба да каснете нешто слатко, тогаш повикајте ја вашата најдобра другарка и право во некој кофи-шоп или дури и пекара. Социјалните контакти може да помогнат во помало консумирање на храна.

ФЕНСИ ОВОШЈЕ
Наместо само во торти, овошјето може да се користи и на друг помалку штетен начин кога се во прашање килограмите. На пример, печено јаболко кое ќе го посипате со мед и цимет или круша која ќе ја наполните со јаткасти плодови и ќе ја запечете.

ВОДА И САМО ВОДА
Не само што помага при намалување на тежина и зголемување на енергијата, туку и ќе ја сочува вашата кожа млада и свежа. Добро правило е да пиете вода со секој оброк и помеѓу оброците.

Related Posts with Thumbnails