wordpress counter

4 совети за победа врз несоницата

Ако не можете навечер да заспиете, една од причините може да е храната. Таа драстично влијае на нашиот сон. Со тек на време, тоа може да се претвори во несоница која ќе ве измачува постојано. Затоа, ви предлагаме неколку важни совети за победа на оваа непријатна состојба.

Ако паѓате како покосени во кревет и моментално заспивате, а потоа се будите во текот на вечерта, веројатно патите од менување на нивото на шеќер во крвта. Затоа, обидете се со високопротеински оброк пред спиење – ореви или малку сирење.

Консумирајте храна која е богата со магнезиум – тој ги опушта мускулите и го смирува телото, а со тоа влијае и на квалитетот на сонот.

Друга важна состојка која треба да се консумира навечер е храна која содржи витамин Б. Тој е клучен во создавањето на серотонин и други мозочни суспстанци кои се важни за добар сон.

Избегнувајте храна која го стимулира телото и го попречува сонот. Чоколадо, чај, газирани пијалаци, енергетски пијалаци и слични производи не треба да се консумираат пред спиење.

Related Posts with Thumbnails