wordpress counter

5 причини зошто да јадете чоколада

Веруваме дека голем дел од нас не можат да издржат ниту еден ден без да каснат од овој сладок деликатес. И, како противтежа на сите оние кои велат дека од чоколадото може само да накачуваме килограми, ќе наведеме 5 основни причини зошто е добро да се јаде чоколадо.

• Истражувачите открија дека чоколадото, особено темното, содржи антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од бројни опасни болести
• Чоколадото содржи и калиум, магнезиум и калциум
• Какао путерот во чоколадото е богат со заситени масти и една третина од нив доаѓа од стеаринската киселина. Таа не го зголемува нивото на „лошиот холестерол“, односно таа во црниот дроб се претвора во олеинска киселина која е „здрава“ маст
• Со јадење на чоколадо се зголемува производството на серотонин, кој е природен антидепресант, како и ослободувањето на ендорфин во мозокот.
• И последно, но не и најмалку важно – преку чоколадото се ослободуваат хемиски супстанции кој прават да се чувствуваме постојано вљубени. А, веројатно не постои поубаво чувство од тоа.

Related Posts with Thumbnails