wordpress counter

6 начини да го отстраните целулитот

Целулитот не мора секогаш да се поврзува со вишок телесна тежина. На неговата појава влијаат женските полови хормони, особено во три периоди – пубертет, бременост и менопауза. Со правилна исхрана, може да ја смирите оваа непријатна појава.

Главна причина за настанување на целулитот е пореметување во микроциркулацијата на поткожното ткиво. Оштетувањето на сврзното ткиво кај клетките на ситните крвни садови предизвикува нивна поголема пропустливост и со тоа поминување на течности во меѓуклеточниот простор. Поради тоа потребните хранливи материи не стигнуваат до клетките, додека штетните се натрупуваат.

Каква храна против целулит?
Јод – го поттикнува разменувањето на материи и го забрзува согорувањето. Многу луѓе кои имаат недостаток на јод, се чувствуваат уморни и се здебелуваат и покрај сите напори.
Магнезиум – го има во зелена салата, банани, ореви. Дава енергија и штити од згрчување на мускулите при спортување.
Витамин Ц – го има во изобилство во кивито, цитрусите, јаболката, шумското овошје.
Железо – при согорување на мастите, железото им го дава на клетките потребниот кислород. Го има во зелката, спанаќот, мешунките, рибата и морските плодови.
Јаболков оцет – само една лажица разредена со вода е доволно двојно да се забрза топењето на протеините и да се разбуди сврзното ткиво. На тој начин, целулитот се губи. Содржи калциум, силициум, магнезиум и фосфор.
Незаситени масни киселини – го снижуваат нивото на холестерол во крвта. Потребна дневна доза е 25 гр. ●

Related Posts with Thumbnails