wordpress counter

6 причини зошто да пиете црвено вино

Списокот на корист што ја имаме од црвеното вино е навистина долг. Делува на на многу наши органи и целокупната состојба на нашиот организам. Еве неколку причини зошто да пиеме по една чаша црвено вино секој ден:

Подобра меморија
Виното помага во зачувување на меморијата. Според истражувањата, жените во 8-та деценија од животот кои пиеле црвено вино, имаат многу подобра меморија отколку оние што не пиеле. Покрај тоа, виното спречува затнување на крвните садови, што може да има влијание врз когнитивните функции.

Помала тежина
Пиењето на вино помага во одржување на помала телесна тежина. Оние кои пијат умерено имаат потенок струк и помалку абдоминални масти.

Поголем имунитет
Оние луѓе кои пијат по една чаша вино на ден имаат за 11% помала можност од инфекција со „Helicobacter pylori“, што може да биде предизвикувач на гастритис, улцер или канцер.

Заштита од цисти и рак на јајници
Црвеното вино го намалува ризикот од појава на овие состојби за 50%. Експертите веруваат дека ова може да се должи на антиоксидансите или фитоестрогените кои имаат силно анти-канцерогено дејстви.

Заштита на коските
Алкохолот го зголемува нивото на естроген. Токму тој го забавува ризикот од оштетување на коските многу повеќе отколку што го забавува создавањето на нов коскен материјал.

Превенција од шеќер
Жените пред менопауза кои пијат 1-2 чаши вино на ден имаат за 40% помал ризик да развијат дијабетес тип 2. Овие резултати се добиени од студија на Харвард, која траела 10 години. 

Related Posts with Thumbnails