wordpress counter

Ајдучка трева – лековито плантажно растение

Станува збор за мошне познато и распространето лековито растение кое во народните песни се спомнува како трева за ранетите ајдуци. Затоа, покрај општоприфатеното име „ајдучка трева”, таа се среќава и како „раненик” и „столичник”.

Таа е повеќегодишно тревесто растение кое достигнува висина од 40 до 80 сантиметри. Нејзиниот корен е силно разгранет, како хоризонтално, така и вертикално. Има лазечки ризом и цилиндрично и особено разгрането стебло. Листовите се со правилна, издолжена форма, меки и разделени. Всушност, целиот лист на ајдучката трева изгледа како перо со голем број назабени листови.

Цветот е сместен во главкасто соцветие, ситен е, а по боја варира од бела до жолта и розова. Ајдучката трева е долго присутна во природата и цвета во интервал од јуни до ноември.

Целата статија можете да ја прочитате на ffrm.org.mk

Related Posts with Thumbnails