wordpress counter

Акните и исхраната (1 дел)

Акните се распространета кожна болест и кај машкиот и кај женскиот пол. Се појавуваат кога ќе навлеземе во полово зрело доба, односно со нагло создавање на полови хормони во пубертетот. Следствено на тоа, нормално е да се започне со хипотезата дека храната со определена количина на хормони може да ја влоши состојбата со акните.

МЛЕКО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ
Млекото е еден од витално важните продукти за сите цицачи. Ние го консумираме од самото раѓање. Но, во овој случај не зборуваме за мајчиното, туку за кравјото млеко. Многу често се случува на кравите, за да даваат повеќе млеко, да им се вбризгува хормон за раст (подоцна стана познат и како „крак“ за крави). Како резултат на тоа, во ова млеко се наоѓа хормонот IGF 1, кој не само што делува врз настанување на акните, туку и врз појавата на канцер кај тенкото црево и градите.

Други три хормони кои делуваат врз настанување на акните се: тестостерон, дихидротестостерон и дихидроепиандостерон. Но, тие, за разлика од IGF 1, се произведуваат во нашето тело.

Заклучок: кравјото млеко може да содржи биоактивни молекули, односно хормони, чие внесување може да ја влоши состојбата со акните.

Related Posts with Thumbnails