wordpress counter

Акните и исхраната (2 дел)

Видовме во првиот дел од статијата како делуваат млекото и млечните производи врз појавата на акните. Сега ќе утврдиме какво влијание имаат брзата храна, рибата и слатките.

БРЗА ХРАНА И СЛАТКИ
Сите вљубеници во помфритот може да уживаат во него бидејќи досега не се најдени цврсти докази дека овој тип на храна делува врз влошување на состојбата со акните. Истото се однесува и на чоколадото и другите слатки производи.

РИБА И МОРСКИ ПЛОДОВИ
Рибата и морските плодови како фактор се особено истражувани во Јапонија. Ова е јасно ако се има предвид фактот дека Јапонија освен својата риба троши и голем дел од рибата уловена во другите земји. Морската храна содржи голема количина јод кој би можел да има определено влијание врз настанувањето на акните, но таа врска сѐ уште не е докрај истражена.

МАСНО ТКИВО
При стресни околности се ослободуваат хормони како што е адреналинот, кои делуваат врз масните наслаги. На тој начин настанува интересна врска помеѓу хормоните, стресот, прехранбените навики (гладување или прејадување) и половите хормони. Заплетот се крие во тоа што сите полови хормони се „топат“ во мастите, односно сите масни залихи во организмот содржат определено количество полови хормони. Кога ќе настане стресна состојба, масните наслаги се топат и на тој начин определено количество полови хормони се ослободуваат во крвотокот. Тоа би можело да биде причина за настанување на акните.

Related Posts with Thumbnails