wordpress counter

Болести: Дијабетес (2 дел)

Во првиот дел се запознавме со општите карактеристики на шеќерната болест, што се случува со организмот кога е присутна болеста, како и со различните типови на дијабетес.

Денес, ќе се обидеме да ги објасниме и дургите критични фактори за оваа болест и секако, мерките кои треба да ги преземете за превенција или лечење на болеста. Подобро кажано – одржување на стабилна состојба, затоа што не постои лек.

Симптоми

• замаглен вид
• зголема жед
• умор
• често мокрење
• глад
• губење на тежина

Со оглед дека дијабетесот тип 2 се развива мошне споро, се случува луѓе со високо ниво на шеќер да немаат симптоми.

За разлика од него, дијабетесот тип 1 се развива брзо и може да се случи за време на дијагностицирањето, пациентот да ги има повеќето од симптомите.

Тестови и испитувања
Најнапред се прави тест на урина, но тој сам по себе не е доволен. Мора да се направи и некој од следните три теста на крвта:

• тест за утврдување на нивото на гликоза
• хемоглобин А1ц тест
• орален тест за толеранција на гликоза

Што ако нема симптоми?
Ако нема симптоми на шеќер, овие тестови се препорачуваат за:

• деца со преголема телесна тежина, започнувајќи од 10-тата година, па натаму на секои 2 години;
• возрасни со преголема тежина, кои имаат и други ризични фактори;
• сите возрасни над 45 години, на секои три години;

Третман
Лек за оваа болест не постои. Најважно е да се одржува нивото на шеќер во рамки на дозволеното, за да не создаде оштетувања на другите органи – бубрези, очи, срце, мозок. Третманот опфаќа лекови, диети, вежби и постојано мерење на нивото на шеќер.

Превенција
Одржување на идеална телесна тежина и активен живот се превенција за дијабетесот од тип 2. Сепак, за дијабетес тип 1 не постои превенција. За сите заболени, посетата на лекар на секои три месеци е задолжителна.

Related Posts with Thumbnails