wordpress counter

Брзо до имунитет

Дознајте како природно да го зголемите својот
 ИМУНИТЕТ и добијте БЕСПЛАТНА КНИГА!

Свежо исцеден сок за природно и ефикасно
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ

Дали Ви недостига енергија за извршување на секојдневните обврски? Често се разболувате? Сезонските вируси никако да Ве одминат?

Ако одговорот е ДА, тогаш е време за зголемување на Вашиот имунитет!

Најприродниот, најефикасниот и највкусниот начин да го подобрите своето здравје, без притоа да си „навлечете“ дополнителни обврски во динамичниот распоред, е да внесете природен, свеж сок во редовната исхрана.

Свежите, неконзервирани сокови ги содржат сите аминокиселини, минерали и витамини кои му се потребни на телото за да ги храни и регенерира клетките, ткивата, нервите и органите – со минимално ангажирање на органите за варење. Овошните сокови се прочистувачи на човечкиот систем, а зеленчуковите сокови се „градители“ и регенератори.

Четири до осум чаши со природен сок од овошје или зеленчук не само што ги обезбедуваат сите лековити и хранливи состојки кои досега се познати, туку и оние што научниците сѐуште не успеале да ги изолираат.

Освен тоа, овие состојки ги добивате во нивната жива, органска, алкална, целосна и балансирана форма. И сигурно си велите: па, во тој случај нели може едноставно да се јаде овошје и зеленчук? Одговорот ќе го сфатите кога за прв пат ќе исцедите сок.

Потребен е половина килограм моркови за една чаша сок. Можете ли толку да изедете одеднаш?


Да сумираме. Доколку сѐуште барате причина за „цедење“, можеме да издвоиме три главни причини поради кои конзумирањето на свежите сокови е важно за Вашето целокупно здравје. Тие се:

1. Полесно апсорбирање на хранливите состојки од овошјето и зеленчукот.
2. Конзумирање на доволно количество зеленчук и овошје.
3. Разновидност во исхраната.

Но, нека не Ве залажуваат пакуваните сокови во продавниците – тие воопшто не можат да се споредат со свежо исцедениот сок. Овие сокови содржат вештачки прехрамбени бои, конзерванси и синтетички витамини, сол, адитиви и шеќер во форма на фруктоза, декстроза или пченкарен сируп.

Дури и кога сокот купен во продавницата за здрава исхрана е навистина 100% природен, сепак и овој сок е пастеризиран.

Затоа, појдете до најблискиот зелен пазар, наполнете ги торбите со сите тие прекрасни зеленчуци и овошја, вклучете го соковникот и за само една минута имате чаша полна со здравје!

Но, пред да почнете да „цедите“, Ви ја подаруваме е-книгата „Моќта на свежите сокови“ која можете да ја симнете доколку кликнете ТУКА!

Во неа ќе прочитате за важните состојки кои ги има во зеленчукот и овошјето, како сокот може да биде балансиран оброк и многу повеќе. Уживајте!

Немате соковник? Ви го препорачуваме Power Juicer Express, со кој добивате до 30% повеќе сок во споредба со останатите соковници!

Related Posts with Thumbnails