wordpress counter

ЦРВЕНО МЕСО – НЕ!

ЦРВЕНО МЕСО

Претераното конзумирање на црвено месо, или негови преработки, ја зголемува опасноста од болести кои дури и на подолг период може да имаат смртни последици. Спротивно делува употребата на белото месо.

Ова истражување ни го овозможи група на научници од американскиот институт за рак (замислете и такво нешто постои). Истражувањето е спроведено во период од 10 години, на повеќе од половина милион лица и од машки и од женски пол, кои на почетокот на 1995 година имале помеѓу 50 и 71 година.

Гореспоментатите учесници одговарале на прашалник во врска со конзумирање на црвено месо и преработки и од црвено и бело месо, по што во наредните 10 години се пратела нивната здравствена состојба. Во текот на тој период, од оваа огромна група починале 47.976 машки лица и 23.276 лица од женски пол.

Една петтина од испитаниците кои јаделе поголема количина на црвено месо (во просек 62,5гр. на 1000 внесени калории дневно) биле изложени на многу поголем ризик од смрт, во споредба со оние што го конзумирале во помали количини (9,8гр. на 1000 внесени калории дневно). Научниците констатирале слични резултат и кога се во прашање преработките од црвено месо.

Еден од најбитните заклучоци на ова истражување е дека 11% од смртните случаи кај мажите и 16 % кај жените би можеле да се избегнат ако тие конзумирале помалку црвено месо и преработки од него.

Причинителите може да се бараат во канцерогените состојки кои се создаваат во текот на обработка на месото од овој тип, а кои предизвикуваат рак на дебелото црево, кардиоваскуларни заболувања и рак на дојката кај жените.

За да го сочуваме нашето здравје, најдобро е да конзумираме бело месо кое е извор на протеини, витамини и минерали како што се цинкот, селенот и витамин Б.

Related Posts with Thumbnails