wordpress counter

Диета на 5 фактори (2 дел)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (Нема гласови)


Во првиот дел од статијата се запознавме со основните карактеристики и правила на оваа диета и напоменавме дека во светски рамки станува многу популарна. Сега, ќе наведеме и предлог мени за еден ден, во кое ќе бидат опфатени сите правила на бројот 5.

ПОЈАДОК

Омлет со кашкавал и брокула

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 5 белки
• 3 шолји крупно исечкани брокули
• ¼ шолја ситно насечкана гауда или чедар
• 4 кришки препечен леб
• 1 мала лажица мешавина од зачини
• сол, бибер и масло

ПОДГОТОВКА
Измешајте ги белките, зачинот, солта и биберот со помош на миксер. Премачкајте тава за пржење со масло и загрејте ја. Додадете ги цветовите брокула и пржете ги со постојано мешање, сѐ додека не добијат светло зелена боја. Додадете ја смесата со белки и варете. Кога смесата ќе започне да се двои од дното на тавата, тогаш превртете ја од другата страна и продолжете со пржење. Во меѓувреме, омлетот посипете го со сирење и затворете ја тавата со капак. Варете уште 30-тина секунди, за да се растопи кашкавалот.

УЖИНА

Тврдо варени јајца полнети со салата од туна

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• ½ шолја конзервирана туна (добро исцедена)
• ½ шолја немасна кисела павлака
• ¼ шолја тенко исечкан праз
• 4 тврдо варени јајца
• 2 мали шолји морков, изрендан
• 1 мала лажица лук во прав
• ¼ главица ситно исечкан кромид
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Ставете ја туната во сад и потоа додадете ги празот, киселата павлака, лукот, кромидот, солта и биберот. Измешајте добро, за да стане смесата хомогена. Со таа смеса полнете ги белките од варените јајца. Сервирајте така што на чинијата ќе направите гнездо од рендан морков и во него ќе ги ставите полнетите јајца.

Related Posts with Thumbnails