Диета на 5 фактори (3 дел) – предлог мени
Претходно го разгледавме дел од менито на оваа диета (појадок и ужина). Сега ќе предлог за ручек и вечера во чија подготовка се употребени правилата на диетата на 5 фактори.
РУЧЕК
„Сендвичи“ со мисиркино месо
СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 1 главица зелена салата
• 170 гр немасен мисиркин одрезок
• 2 тенки парчиња сланина
• 2 домати, тенко исечени
• 1 лажица вински оцет
• сол и и биберПОДГОТОВКА
Ставете ја сланината во микробранова печка околу 3 минути. Кога ќе стане крцкава, издробете ја на многу мали парчиња. Во една чинија ставете ги листовите зелена салата. Врз неа ставете го месото, доматите и посипјате со сланина. Зачинете со сол, бибер и вински оцет.
ВЕЧЕРА
Топла салата од грав, цвекло и мисирка
СОСТОЈКИ
• 220 гр одрезок од мисирка
• 1 ½ шолја конзервиран грав
• 115 гр феферони, ситно исечкани
• 170 гр конзервирано цвекло
• малку оригано и босилек
• сол и и биберПОДГОТОВКА
Намачкајте тефлонска тава со масло и загрејте го. Ставете парченца мисиркино месо и пропржете ги од обете страни. Пржете околу 2 минути, односно додека месото не добие златно-костенлива боја.Во голем сад промешајте мисирка, грав, феферони, оцет, оригано, босилек, сол и бибер. Убаво промешајте.
Сервирање: ставете цвекло во чинија и врз него смесата со мисиркино месо.
