wordpress counter

Диета: Пештерски човек (1 дел)

Со оглед дека празниците поминаа, а веројатно голем дел од нас накачија по некој килограм, денес се решивме да презентираме една навистина интересна диета. Станува збор за диетата „пешетерски човек“, односно диета која се базира на исхраната на нашите далечни претци.

Оваа диета е позната и како „палеолитска диета“ и вклучува јадење растенија и месо, слично како што тоа го правеле нашите претци. Според дел од лекарите, оваа диета е мошне здрава, а резултатите покажуваат дека го намалува ризикот од кардио болести, го намалува притисокот и воспалувањата, ја намалува телесната тежина и ги редуцира акните.

Сепак и оваа диета има бројни контроверзи. Некои експерти по нутриционизам тврдат дека денешниот човек се адаптирал на нови начини на исхрана и нови плодови, кои секако не смеат да се исфрлат од режимот на исхрана.

Што треба да се јаде?
Оваа диета ја опфаќа целата храна која можела да се лови и собира во текот на палеолитот. Месо, риба, школки, јајца, јаткасти плодови, зеленчук, корења, овошје и бобинки.

Секако, треба да заборавите на млечни производи, шеќер, компири, мешунки, процесирано масло. Што се однесува до пијалаците, на располагање се водата, кокосова вода и зелен чај.

Доколку чезнеете за нешто слатко, можете да консумирате мед или шеќер од кокосова палма, но во ограничени количини.

Според поддржувачите на оваа диета, најдобро е да се јаде зеленчук и овошје, свежо уловена риба и месо од тревопасни животни. Токму онака како што тоа го правеле нашите претци.

Related Posts with Thumbnails