wordpress counter

Диета: Пештерски човек (2 дел)

Во првиот дел зборувавме за начинот на кој се хранеле нашите предци, врз основа на кој е направена оваа диета. Наведовме која храна и пијалаци би требало да се консумираат. Денес, продолжуваме со нејзините позитивни и негативни страни.

Поддржувачите сметаат дека луѓето се генетски предодредени да јадат како што јадел пештерскиот човек пред да настапи земјоделската револуција. Според нив, тоа е единствен начин да се спречат дебелината, болестите на срцето и дијабетесот. Тоа е така бидејќи таа храна содржи протеини, влакна и течности, кои спречуваат зголемување на килограмите и појава на шеќерна болест.

Совет: обидете се да бидете на оваа програма барем две недели и увидете како делува. Доколку не делува, тогаш прекинете ја.

Што мислат експертите за палеолитската диета?
Според Американската диететска асоцијација, оваа диета има некои одлични делови, но сепак ѝ недостасува разноликост и нутритивна адекватност за човечкиот организам денес. Според доктор Дејвид Кац, јадењето на природна храна е далеку подобро отколку она што денес го купуваме во продавниците, па сепак, на долг рок сѐ уште не се знае дали оваа диета има добар резултат, како што е тоа случај со медитеранската исхрана.

Како и да е, самата диета не би требало да му штети на организмот, иако е тешка за следење поради нејзината ограничнувачка природа.

Related Posts with Thumbnails