wordpress counter

Диета со броење (1 дел)

Диетата преку собирање на калории е интересна поради две основни причини: прво – овозможува уживање во вкусна храна и второ – оброците може да ги планирате сами, врз основа на нивната калориска вредност. Единствено важно е денот да не го завршите со повеќе од 1.800 калории. Ако ја држите еден месец, ќе симнете преку 5 килограми. Основно правило е дека смеете да јадете сѐ, но без претерување.

Гурман™ ви нуди бројни комбинации и нивниот број на калории, за сите оброци во текот на денот.

ПОЈАДОК
• двопек со мармалад – 122 cal (две парчиња двопек – 82 cal и две лажици мармалад – 40 cal)
• кекси – 145 cal (5 класични суви кекси од по 5 грама)
• овошен јогурт – 110 cal
• шолја чај со шеќер – 21 cal (шолја чај – 1 cal и лажичка шеќер – 20 cal)
• млеко (шолја од 2.5 дл) со мала масленост – 90 cal
• капучино и бриош – 347 cal (1 дл млеко – 64 cal, една мала лажица шеќер – 20 cal и еден бриош – 263 cal)

ОВОШЈЕ
• 1 портокал – 51 cal
• 2 киви – 70 cal
• 100 гр цреши – 38 cal
• 100 гр смокви – 46 cal
• 100 гр грозје – 61 cal
• 1 круша – 52 cal
• 100 гр кајсии – 28 cal

Related Posts with Thumbnails