wordpress counter

Диета со грозје

Оваа диета ја осмисли  д-р Ана Бинс, која е признат британски нутриционист. Според неа, со овој режим нема ниту да почувствувате дека се наоѓате на диета, а ќе изгубите 3 килограми за една седмица.

Вкупниот внес на калории треба да биде од 1.200-1.250 калории. Покрај тоа, треба да се изедат и 400 гр грозје, кое има дополнителни 280 калории. Што значи, сѐ на сѐ, ќе внесете околу 1.500 калории во текот на денот.

Што е дозволено?
• 400 гр грозје
• јајца, месо и морски плодови
• зеленчук: домати, пиперка, лук, краставица, тиквици, црн патлиџан, зелка, морков
• овошје: било кое
• околу 150 гр мед и суво овошје неделно
• маслиново масло
• вода, чај, незасладен сок

Што е забрането?
• шеќер, грав, грашок, чоколадо, мајонез, квасец, оцет

Дополнителни совети

• грозјето (црно или бело) треба да биде посебен оброк, за да се искористат сите негови состојки и да се подобри работењето на органите за варење
• добра комбинација е риба на скара со интегрален леб и салата од зеленчук
• салата од зеленук, маслиново масло и лимон е истотака добар избор
• избегнувајте фрапе од мешано овошје
• доколку јадете јаболко, тоа нека биде два часа по оброкот

Related Posts with Thumbnails