wordpress counter

Диета за подмладување (2 дел)

Во првиот дел ја претставивме програмата за првите три дена, а сега ќе ги заокружиме петте дена и ќе посочиме на неколку вежби кои одлично делуваат во насока на освежување на кожата.

ЧЕТВРТИ ДЕН
Појадок: чаша фрапе од банана, 2 лажици јогурт, 200 мл немасно млеко, 3 бадеми и 2 мали лажици мед
Ужина: една банана
Ручек: пилешки копан, динстан на маслиново масло и бело вино, зелена салата и домати, интегрален тост леб
Вечера: интегрална кифла и немасен јогурт

ПЕТТИ ДЕН
Појадок: овошна салата од банани, киви и портокали
Ужина: интегрална кифла
Ручек: печен микс од претходно варени моркови, брокули, карфиол и спанаќ. Можете да направите и бешамел сос од немасно млеко, малку масло и интегрално брашно, да го прелиете зеленчукот и да го запечете во рерна
Вечера: корнфлекс со млеко или јогурт

ВЕЖБИ ЗА ЕЛАСТИЧНО ЛИЦЕ

Против брчки
Наполнете ги образите со воздух. Задржете го здивот 5 секунди и издишети. Вежбата повторете ја уште 4 пати.

За цврсти усни
Наместете ги усните како да сакате некого да бакнете и останете во таа позиција 10-тина секунди.

За лице
Заземете ја позицијата наведена претходно (За цврсти усни) и потоа насмејте се со широка насмевка. На крај, вратете ја усната во природна состојба. Повторете 10 пати.

Related Posts with Thumbnails