wordpress counter

Еден домат дневно наместо лекар

Една од убавините на нашата земја се прекрасните, вкусни и сочни домати, кои ги имаме речиси на секој чекор. Иако некогаш биле сметани за штетни, па дури и отровни, тие всушност се  богат извор на ликопен, кој е моќен антиоксиданс, што изненадувачки помага во заштитата од рак и други заболувања.

Ликопенот во научниот свет е многу важна состојка, додека на нас ни е позната само по тоа што им дава на доматот, лубеницата или калинката црвена боја. Поради неговата хемиска структура, штити од рак на простатата и го забавува развивањето на канцерогените клетки кај веќе заболените лица.

Се смета дека многу од видовите на рак се предизвикани од оштетувањето на ДНК клетките, што со тек на време доведува до абнормален метаболизам на клетките и подоцна рак. Антиоксидансите како ликоpенот ја штитaт ДНК-та од оштетување и од појава на канцерогени клетки. Ликопенот не се уништува со термичка обработка, така што не е важно во која форма ќе го внесете доматот во организмот. Сепак, најдобро е да биде свеж.

Related Posts with Thumbnails