wordpress counter

Етерични масла на среќата

Етеричните масла се продукти кои му помагаат на организмот при неговото лечење, со тоа што го зајакнуваат имунитетот преку создавање на бели крвни зрнца. Освен тоа, нивните мириси, преку хипоталамусот, делуваат на душевната состојба и создаваат чувство на хармонија и добро расположение.

Интересно е дека најголем дел од овие масла се произведуваат од храна. Сега ќе наброиме некои од продуктите од кои се добиваат етерични масла, како и нивното делување.

Бадем – природен антиоксиданс кој ги штити клетките на кожата од оштетувања и го спречува создавањето на брчки. Помага при запаление и збрчкување на кожата. Се користи за масажа и како состојка за други масла при ароматерапија.

Еукалиптус – силен антисептик. Се користи и за прочистување на дишните патишта и против грип. Може да ја иритира осетливата кожа.

Јасмин – опушта, смирува и ја подигнува самодовербата. Одлично ја негува сувата кожа и е проверен афродизијак.

Лаванда – релаксира, го зајакнува и балансира духот. Се користи за сите типови кожа. Ги смирува изгорениците и ги отстранува лузните. Може да се користи и за мирен сон на дечињата (една капка на перницата).

Гераниум – делува на површинското набирање на ткивото, па затоа се користи во третмани на целулитот.

Чаевец – моќен антисептик и фунгицид. Делува против воспаленија и може да се користи при третмани на акни. Помага и при неуродерматитис и херпес.

Related Posts with Thumbnails