wordpress counter

Храна и пијалаци кои може да предизвикаат главоболка (1 дел)

Да не повторуваме, но знаете дека малку сон и цигарите може да предизвикаат главоболка. Оваа статија не е посветена на овие два причинители, туку на храната и пијалаците кои може да предизвикаат главоболка.

Чоколадо
Оние кои имаат дијагностицирана мигрена велат дека чоколадото им предизвикува главоболка. Луѓето кои имаат мигрена често се соочуваат зголемена потреба за јадење, токму пред да започне нападот. Сепак, експертите сметаат дека јадењето чоколадо го предизвикува самата мигрена поради погоре наведената причина, а не обратно. Останува енигма и натаму дали чоколадото може да влијае на главоболката.

Црвено вино и останатите алкохолни пијалаци
Алкохолот го зголемува протокот на крв во мозокот и може да резултира со дехидрирање. И едното и другото може да биде причина за главоболка. Луѓето со мигрена имаат најлош мамурлак, без оглед на алкохолот кој го пиеле.

Кафе
Ако не сте напиле кафе, а имате обичај да пиете, може да се појави главоболка. Малку кофеин може да ви помогне кај главоболката, но претерувањето ќе ви донесе многу поголема болка од претходно.

Сирење
Не постојат многу истражувања за поврзаноста на сирењето и глаболката, но од она што го имаме може да се заклучи дека старите и зрели сирења може да ја предизвикаат. Проблемот може да лежи во супстанцијата тирамин, која се создава за време на разложувањето на протеините во сирењето. Колку е позрело сирењето, толку повеќе тирамин има во него. Тука мислиме на синото сирење, чедарот, гауда и пармезан.

Related Posts with Thumbnails