wordpress counter

Храна која ѝ е потребна на секоја жена (1 дел)

И двата пола мора да внимават на својата исхрана и секојдневно во себе да внесуваат здрави продукти. Но, ако сте жена, научниците велат дека следниве седум видови храна ќе ви донесат дополнително добро расположение и енергија.

ДОМАТИ
Зрели и сочни, доматите се храна која е лесно да се засака. Богати се со ликопен, кој е еден од штитовите за рак на градите и матката. Една студија, во која учествувале преку 40.000 жени, покажа дека ликопенот и останатите фитохемикалии ве штитат и од кардио болести.

СЕМКИ ОД ЛЕН
Научниците посочуваат на три важни сосотојки во овој плод: омега-3 масни киселини, диететски влакна и фитоестрогени. Студиите покажуваат дека овие семки влијаат на намалување на „лошиот“ холестерол и тоа мошне поефективно кај женскиот отколку кај машкиот пол. Предупредување: бремените жени би требало да го избегнуваат овој плод.

КЕЉ
Еден од најпотценетите зелени зеленчуци е токму овој плод, полн со здрави состојки. Антиоксидансите, како што е лутеинот, ги штитат очите. Кон тоа додадете ја и препорачаната дневна количина на витамин Ц и калциум која ја има кељот. И уште една битна состојка за жените – витамин К, кој игра есенцијална улога во здравјето на коските и превенција од остеопороза, болест која 4-пати повеќе ги погодува жените од мажите.

Related Posts with Thumbnails