wordpress counter

Храна која ѝ е потребна на секоја жена (2 дел)

Во првиот дел споменавме неколку продукти кои се од есенцијално значење за секоја жена. Во продолжение ќе наброиме уште неколку, кои секоја жена треба да ги има на своето мени.

ЛОСОС
Омега 3 мастите имаат бројни бенефити за здравјето на жените. Особено кај бремените жени, бидејќи од нив зависи и развојот на фетусот. Ако кон ова го додадеме нивното влијание врз превенција од срцевите болести, кои се најголем убиец на жените, тогаш може потполно да го разбереме нивното значење.

СОК ОД БОРОВИНКИ
Проантоцијанин е вистински пријател на нашето здравје. Особено кога станува збор за третирање на болести на уринарниот тракт. Дневната доза која треба да се консумира варира, но секако, колку и да испиете нека биде 100% сок без шеќер.

ПРОЦЕДЕН ЈОГУРТ
Густ и кремаст, овој тип на јогурт нуди двојно повеќе протеини и многу помалку шеќери. Особено е важен извор на протеини, бидејќи жените најчесто и не знаат колку протеини внесуваат на дневно ниво. Стручните лица предлагаат најмалку 0.8 гр протеини на килограм тежина.

ОРЕВИ
Една рака ореви е одличен инструмент во борба против ракот на градите и остеопорозата. Освен тоа содржи и омега 3 и со тоа е единствен јаткаст плод кој ги содржи во големо количество. Дневна доза од 30 грама ќе ја заврши целата работа. Многу мала инвестиција во најважното нешто кое го поседуваме – здравјето.

Related Posts with Thumbnails