wordpress counter

Храна која е добра за вашата коса

Многу луѓе ѝ посветуваат мало или речиси никакво внимание на својата коса. Но, кога ќе започне да станува тенка, кршлива и да опаѓа, тогаш започнува да нѐ фаќа паника. Ако забележите дека ви паѓа многу коса, имајте предвид дека секој 6-ти човек на планетата е во иста позиција. Секако, тоа нема да ве смири. Затоа, ви предлагаме неколку видови храна кои ќе ви помогнат во одржување на здравјето на вашата коса.

Без оглед дали причината за паѓање на косата е генетика, стрес, хормони, болест или силни лекови, важно е да консумирате повеќе од следните продукти:

• бадеми, ореви и индиски ореви – богати со цинк;
• темно зелен зеленчук (спанаќ, брокули, прокељ) – богати со витамин А и Ц;
• моркови – витамин А (против првут);
• лосос – богат со омега-3 масни киселини;
• бразилски ореви – богати со селен;
• мешунки – супер извор на железо, цинк и биотин;

Совет: доколку оваа храна не ви помага доволно, искористете суплементи кои ги содржат овие состојки или консултирајте се со вашиот фризер.

Related Posts with Thumbnails