wordpress counter

Храна која не смее да се меша

Одредени гастрономски комбинации може да предизвикаат и здравствени непријатности. Затоа, потребно e да ги избегнувате следниве комбинации:

Кафе и јајца
Оваа лоша комбинација стана популарна во последниве 2 децении и токму тоа е она што повеќето луѓе го појадуваат. Полифенолите од кафето ја намалуваат апсорпцијата на железо од јајцата и калциумот во коските. Затоа, првин појадок, а потоа кафе.

Млеко со било што друго
Млекото е комплетен оброк и неговото варење е сложен процес. Евентуално комбинација со мед или житарки е дозволена.

Месо и компири
Овој, за нас, традиционален оброк е многу несреќна комбинација. Протеините се варат во желудникот, а скробот во тенкото црево и токму оваа комбинација може да го забави метаболизмот.

Месо и риба со млечни производи
Оваа комбинација влијае многу штетно на системот за варење. Месото и рибата консумирајте ги со зеленчук и одвоено од млечните производи. Само така ќе ги искористите сите позитивни карактеристики на овие продукти.

Овошје со било што друго
Овошјето е одличен извор на витамини и антиоксиданси, но содржат и киселини кои предизвикуваат ферментација и поради тоа може да го забават метаболзимот. Покрај тоа, овошјето најдобро е да се јаде на празен желудник, за да се спречи подувување.

Related Posts with Thumbnails