wordpress counter

Храна која предизвикува мигрена и главоболка

Интересно е колку продуктите и начинот на исхрана може да делуваат на главоболките и мигрената. Освен брзото јадење, дехидратацијата и пропуштањето на оброците, врз овие две појави делуваат и следниве видови храна и пијалаци:

Трајни продукти
Овие продукти знаат силно да влијаат врз главоболката поради тираминот. Тој се создава при распад на протеините со тек на време. Сини сирења, моцарела, бри, кедар, разни кашкавали, се сирења со кои треба да внимавате.

Алкохол
Причината лежи во тоа што алкохолот има бројни примеси и при негово разградување се ослободуваат токсини. Тоа е причината за главоболки. Причинители може да бидат црвеното вино, вискито, шампањот…

Производи кои содржат конзерванси
Колбаси, виршли, шунка, сланина, чадено месо и други преработки од месо.

Студена храна
Повеќе од 90% од оние кои страдаат од мигрена велат дека имаат напад по консумирањето на сладолед и други видови студена храна и пијалаци.

Други производи кои може да предизвикаат главоболки или напад на мигрена:
• кикиритки и други јаткасти плодови;
• чипс;
• пушена и сушена риба;
• тестенини со квасец;
• суви плодови – урми, смокви;
• аспартам, цикламат, сахарин.

Related Posts with Thumbnails