wordpress counter

Храна против стареење

Целиот процес на стареење, од првата брчка, па сѐ до намалување на меморијата, зависи од процесот на оксидација. Тоа е процес при кој слободните радикали започнуваат да го уништуваат здравјето. Истражувањата покажуваат дека може да го забавиме стареењето со јадење на храна која содржи антиоксиданси. Всушност, нивото на антиоксиданси во организмот е правопропорционално со должината на животот.

Според нутриционистот Патрик Холфорд, потребно е да консумираме барем 5 порции (плодови) овошје или зеленчук на ден. Но, според него, не сите овошја и зеленчуци имаат подеднакво силно влијание. Тоа е поради фактот што антиоксидантната моќ се мери преку капацитетот за апсорбирање на радикалите (ORAC). Најстарите луѓе на земјата внесуваат барем 6.000 ORAC на ден.

Следува листа на суперхрана која содржи највисоко ниво на ORAC. Доколку сакате да изгледате барем 10 години помладо, тогаш консумирајте барем една порција дневно од следниве суперхрани:

• цимет
• суво оригано
• сенф
• боровинки, малини или јагоди
• круша, грејпфрут или слива
• цреши
• портокал или јаболко
• темно чоколадо
• ореви
• ф’стаци
• авокадо
• брокули
• аспарагус
• чаша црвено вино

Related Posts with Thumbnails