wordpress counter

Храна за добра ноќ (1 дел)

Знаеме дека храната која ја консумираме во текот на денот и вечерта може да влијае врз нашиот сон, неговиот квалитет и должина. Затоа правиме споредба на две групи продукти – оние кои би требало да ги јадеме навечер и оние кои би требало да ги избегнуваме.

Храна која треба да се консумира навечер

Месо од мисирка, пилешко месо и морски плодови
Содржи големи количина на триптофан. Потоа следат пилешко месо и морските плодови.

Идеја: парче месо од мисирка и неколку коцки авокадо, замотани во лист зелена салата или малку грав со морски плодови.

Јогурт и млечни производи
Полни се со триптофан, кој е одличен за сон.

Идеја: боровница смуди со семки од лен; јогурт со ореви и јагоди; крекери со козјо сирење.

Бадеми и други јаткасти плодови
Покрај триптофан имаат и магнезиум, кој има смирувачко делување.

Идеја: половина јаболко, исечкано на кришки и премачкано со путер од бадеми, мала порција боровинки со дробени индиски оревчиња.

Спанаќ, кељ, зелка и блитва
Група на зелени зеленчуци полни со витамин Б и магнезиум. Идеална храна за заспивање.

Грав и соја
Продукти кои изобилуваат со витамин Б, магнезиум и триптофан. Буквално, свето тројство за заспивање.

Related Posts with Thumbnails