wordpress counter

Храна за добра ноќ (2 дел)

Во првиот дел ја наведовме храната која може слободно да ја консумирате перд спиење. Сега, ставаме акцент на сѐ она што е, условно кажано, забрането за јадење навечер.

Шеќер
Го поттикнува мозокот да го лачи хормонот на стресот, кој делува лошо на вашиот сон. Покрај тоа, предизвикува и нестабилност на нивото на шеќер и тоа е причина плус да се будите сред ноќ. На пример, кога ви се оди во тоалет во три часот наутро.

Чоколадо
Покрај кофеин, содржи и теобромин, кој има стимулирачко влијание.

Црно вино
Алкохол и тирмаин кој предизвикува подигнување на нивото на неуротрансмитери, кои делуваат стимулирачки.

Вештачки шеќери и аспартам
Уште полоша варијанта од вистинскиот шеќер. Ќе ве држат будни цела вечер.

Зачинета храна
Лук, ѓумбир, лути пиперчиња. Ова е свето тројство на лошиот сон.

Related Posts with Thumbnails