wordpress counter

Храна за подобро расположение (2 дел)

Во првиот дел го разгледавме позитивното влијание на портокалот, рибата и блитвата врз нашето расположение. Продолжуваме со уште една група продукти кои ќе ве развеселат и ќе ја подобрат општата состојба на организмот.

СПАНАЌ
Нема двоумење зошто Попај е секогаш расположен (не само за физичка пресметка со Дибек). Спанаќот е буквално базен со антиоксиданси кои ги штитат мозочните клетки од слободните радикали. Покрај тоа, богат е со фолна кислелина, а Б витаминот помага при намалување на заморот и превенција при депресија.

ЖЕЛЕЗО
Железото е минерал кој го пренесува кислородот низ крвта и создава ментална енергија. Преку 80% од жените патат од недостаток на железо. Консумирањето месо и пиењето кафе или чај помеѓу оброците ќе ве спаси од летаргија, загриженост и замор.

ЏЕМ
Ужинка која се состои од мафин со џем ќе го зголеми нивото на серотонин, природен антидепресант. Ако се чувствувате нерасположено, тогаш една ваква ужинка може да ве врати во рамнотежа.

БОРОВИНКИ
Чинија свежи или замрзнати боровинки пред телевизорот е совет од врвни нутриционисти. Тоа е одлична замена за сладолед (особено замрзнатите боровинки). Можат да го направат телото самото да биде извор на антиоксиданси.

ЦРЕШИ
Содржат мелантоин кој го подобрува квалитетот на сонот, како и состојки кои влијаат врз создавање на серотонин. Затоа, цреши и боровинки (а не пиво и вино) секогаш кога сакате да се расположите.

Related Posts with Thumbnails