wordpress counter

Храна за здрави заби

Една од најубавите надворешни карактеристики се здравите и убави заби. Затоа, треба да имаме на ум дека со храната која ја внесуваме ги храниме и бактериите кои се наоѓаат во устата и забите. Кога тие ќе дојдат во контакт со шеќер или скрoб, се создава киселина која ги напаѓа забите. Покрај тоа, наслагите од храна се причина и за создавање токсини кои им штетат на непцата.

Каква храна за здрави заби?

Овошје и зеленчук полни со диететски влакна
Овие продукти делуваат прочистувачки и брзо започнуваат да ја неутрализираат киселината.

Сирење, млеко, јогурт и останати млечни производи
Сирењето го поттикнува лачењето на плунка, која е најдобар начин за одбрана од расипување на забите. Богати со калциум и фосфор, овие производи го подобруваат нивото на минерали кај забите.

Зелен и црн чај
Содржат полифеноли, кои стапуваат во контакт со наслагите на забите. Го редуцираат бројот на бактерии и нивното ширење.

Гуми за џвакање без шеќер
Ова е уште едно средство кое поттикнува лачење на плунката и ги отстранува остатоците од храна на забите, до кој не може да дојде четкичката за заби.

Продукти кои содржат флуор
Вода, природни сокови, супи, морски плодови, житарки.

Која храна да се избегнува?

Слатки и колачи
Ако морате да ги јадете, тогаш одберете такви што бргу ќе поминат низ вашата уста. Лижавчиња и карамели треба да се избегнуваат. Најдобро малку чоколадо.

Храна со скроб
Скробот е сложен јаглехидрат кој долго се задржува во устата. Лебот или чипсот често остануваат во устата и го влошуваат здравјето и изгледот на вашите заби.

Газирани пијалаци
Содржат многу шеќер, фосфорна и цитрусна киселина. Заеднички ја нагризуваат заштитата на забите.

Енергетски пијалаци, алкохол, пијалаци и храна која ја суши устата.

Related Posts with Thumbnails